Ивана Атанасова
Размената на Универзитетот во Љубљана беше моето прво искуство и можност за студирање надвор од Македонија. Словенија е преубава земја, Љубљана – прекрасно гратче за живеење. Запознав многу студенти од други земји, искусив животноважни доживувања и имам милион приказни и спомени. Ерасмус + е отскочна даска за успеси, слобода, патувања и пријатели.