Исидора Ристовска – Медицински факултет
2016/2017 учебна година
Моето искуство Еразмус
Ја користам оваа прилика за да ја негирам тезата "СТУДЕНТСКИОТ ЖИВОТ Е ЗДОДЕВЕН, МОНОТОН И ИСЦРПУВАЧКИ". Како аргумент ќе го искористам моето Еразмус искуство во Тракијски Универзитет – Стара Загора - Бугарија , како едно од најпрекрасните, највозбудливи и секако најпоучни искуства. Снаоѓање во сосема нова средина, различни методи на учење, непознат јазик, различна култура и различни карактери не беше лесно за мене, но сега свртувајќи се назад сфаќам колку многу научив од сето тоа. Научив нови методи на учење, научив нов јазик, запознав професори од кои ми беше чест да учам, луѓе со огромно животно искуство и знаење вредно за почит. Го проширив мојот круг на пријатели и тоа од оние пријатели за довек. Топла препорака до секој студент, ваква можност не се пропушта.