Бојана Трајчева
Новинарство и односи со јавноста – Вилнус Универзитет
Студирањето е епоха на доофрмување и доразвивање на интелектот. Меѓу другото, од своја лична перспектива, ми беше и епоха маркирана како просперитет на академска платформа различна од секоја друга досега. Недоволно е да го опишам Еразмус искуството само како студентска размена. Ми беше поглавје на созревање, матрица за амбиција и стимул на академските инстинкти. Неизбежна е да се спомене и интеракцијата со културите, луѓето и сите нивни одлики на уникатност: циклус на културен диверзитет, но со изразито чувтсво припадност во целиот тој круг. На личен план ми се отворија нови авении на размислување, кариерен развој и обновена мрежа на контакти. Универзитетите во Истанбул и Вилнус, амблеми на високото ми образование. Различни, секое со своја тежина на значење. Благодарна сум што два пати ми беа отворени вратите на глобалното Европското образование, со можност за избор меѓу подрачјата и институциите. Две ери, два столба на личен развој.