Ана Марија Петрова студент на ФПТН
2016 /17 г.
Студирањето овој семестар во Словачка преку ERASMUS+ програмата ги исполни и надмина моите очекувања. Ова за мене е едно посебно искуство од личен и едукативен аспект. Она што можам да го нагласам се различите луѓе, новите пријатели, различните култури и различните начини на живеење, заедничките патувања, новите места, градови, држави...
Во поглед на едукацијата, едно ново искуство и нови предизвици кои ме мотивираат за уште поголеми успеси понатаму.