УГД Вработени

Потребни документи

Наставниот кадар на Универзитет „Гоце Делчев“ преку Еразмус+ програмата има можност за мобилност која може да се оствари на еден од странските Универзитети со кои УГД има склучено договор за соработка.
Мобилноста за вработените е во времетраење од една недела и може да биде остварена во форма на предавања или пракса. Предавањата на странскиот Универзитет треба да бидат реализирани во 8 академски часа во текот на една недела, додека праксата треба да биде реализирана  според претходно подготвен план во зависност од активностите на странскиот Универзитет.
Праксата која вработениот ќе ја реализира на еден од странските Универзитети е одлична можност за споделување и збогатување на знаењето и вештините на вработениот.

Our Location

Get in Touch