Васил Костадиновски

ЕРАЗМУС+ ПРАКСА ИТАЛИЈА – МИЛАНО
DiSAA (Dipartimento di Scienze Agrarie e Alimentari)

Еразмус + беше и сѐ уште е важен за мене, бидејќи имав желба, откако се запишав на Факултетот. Имав голема желба да проучувам и да разменувам искуства во странство за да го доживеам искуството што ја нуди таа земја. Јас само што почнав со Факултетот прашувајќи какви се можностите, кои се партнерските универзитети со кои нашиот факултет склучиле договори.

Кога го завршив мојот прв Еразмус+, го имав најдоброто искуство од кое пораснав во секоја смисла. Еразмус+ го промени мојот живот и мене за 360 °.

Размислувајќи за втор Еразмус се одлучив таа шанса да ја искористам за Пракса во Лабораторијата DiSAA која беше во склоп со Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Милано. Самиот оддел беше опремен со најсовремената опрема за истражување и за испитување на сите потреби – фитоплазми, вируси, бактерии, лаб. испитувања. Да бидам дел од одделот на DiSAA – врвни професори, научници кои ми помагаа и во истражувањето на мојот дипломски труд, е најдоброто искуство кое го научив и го продлабочив моето знаење од најдобрите професори кои ми беа ментори, и ми помогнаа да се изградам како академска личност во мојот Еразмус период. Запознавањето со студенти од различни држави и нации е најубавото другарство кое можете да го стекнете во вашиот живот на Еразмус.

Еразмус+ за време на размената и после тоа ве прави многу повеќе само-рефлексивни. Тоа ќе ви помогне да се запознаете самите себеси подобро. Се соочуваме со предизвици со кои никогаш порано не сме се соочувале. Се гледате самите себеси преку различностите и сличностите во другите култури. Тоа ви помага да ги зголемите квалитетите што ги бараат работодавците, зборувајќи повеќе јазици, поголемо искуство и со повеќе знаење. Мојот живот после Еразмус беше толку богат, од што станав повеќе независен и го зголемив владеењето на странски јазик.

Со Еразмус сте подготвени за нов и независен живот, каде што можете да направите се што сакате, но сега со повеќе искуство и како нова личност.

Our Location

Get in Touch