Наталија Димитровска

Факултет за медицински науки (стоматологија) Еразмус + пракса

Драги студенти, не пропуштајте ја оваа уникатна можност за авантура во животот. Со исклучително богатство од среќни моменти, запознавање со нови пријатели од различни држави, со срце полно емоции и културно богат дух,а во истовреме ке имате можност да научите и нов јазик со кој ке бидете едно поголемо ниво.

Не се двоумете при одлуката. Јас Ви препорачувам да се пријавите, да ја потпишете потребната документација и доволно е со себе да понесете само добра волја за истражување на нешто ново во Вашиот живот.

Пловдив ме научи да го гледам светот од друга перспектива, а замислете само што пак можат да понудат градовите во други држави. Звучи многу тешко да се напушти секојдневието и саканите лица да ги оставите во сенка, но сето тоа ќе биде тука кога ќе се вратите.

Поддршката да се одлучите на овој чекор во новото утре е несомнена. Сепак тоа е за еден вид "надградување" на самите Вас. Ако некој би ме прашал дали повторно сакам да бидам дел од ова искувство, не би се двоумила ниту за момент и повторно би заминала.

Нашиот универзитет Ви ги отвора ширум рацете, на Вас останува тоа да го искористите.

Our Location

Get in Touch