Мите Симонов, Факултет за медицински науки

Трета година

Како студент на Факултетот за Медицински науки- Дентална Медицина , при универзитетот “ Гоце Делчев “ – Штип, ја добив можноста да бидам дел од Ерасмус+ програмата за размена на студенти.

Ја искористив таа можност и одбрав да студирам на Медицинскиот факултет- Дентална Медицина во Лублин, Полска.

Не постојат зборови со кои може да се опише искуството, се додека не се доживее.

Пријателства кои остануваат до крајот на животот. Дружење со други Еразмус студенти.

Меѓусебната почит помеѓу професорите и студентите, начинот на предавање, практичната настава е само дел од прекрасното искуство.

Часовите изминати во болница, можностите да бидеш пасивен набљудувач на мини интервенции, асистирањето во нив, но и можноста самиот да работиш на пациент со надзор од прекрасни доктори е искуство, знаење и пракса која те усовршува.

Биди дел и ти од Еразмус + програмата!

Our Location

Get in Touch