Љупка Рогожарска

Студент сум на Музичката академија при Универзитетот “Гоце Делчев” – Штип. Својот Еразмус + престој одбрав да биде во Загреб, Хрватска. Избор за кој што никогаш нема да се покајам. Зимскиот семестар овде е веќе при крај, а ми се чини како вчера да пристигнав, позитивна страна е што имам шанса да останам уште еден семестар на Музичката академија во Загреб, и да уживам во сите убавини кои ова место и академијата ги нудат. Загреб како град е преполн со непоимливи убавини, особено сега во екот на празниците. Ова го гледам како голема можност да го претставам УГД во најдобро можно светло, а воедно се надевам дека ќе успеам и сето стекнато знаење овде да го пренесам кога ќе се вратам.

Добив можност да учествувам на неколку концерти, како со симфонискиот оркестар на МА, така и со гудачкиот камерен оркестар. Запознав многу нови лица, дознав нови работи, ги проширив своите хоризонти и сметам дека ова Еразмус искуство ќе биде голем дел од понатамошната лична надоградба. Препорака до секој студент кој има можност да биде биде дел од Еразмус + програмата, да го стори тоа. Верувајте, тоа ќе биде најдобриот дел од вашиот живот!

Our Location

Get in Touch