Драгица Митрева

студент на општа медицина 5та година

Како студент на факултетот за медицински науки при универзитетот Гоце Делчев во Штип имав можност да аплицирам за Еразмус +програмата и да поминам еден семестар на друг универзитет. Јас ја одбрав дестинацијата Братислава, Република Словачка и Универзитетот Коменеско. Во текот на тој семестар стекнав многу знаење во делот на практична и теоретска настава од професорите и асистентите кои беа задолжени да не едуцираат нас, и од тоа искуство од Еразмус + програмата можам да кажам дека Еразмус придонесува за трансформација на студентите во добри лекари во иднина.

Размената на студенти не само што придонесува добра едукација и практика исто така е добра прилика за запознавање на нови култури, нови личности како и стекнување многубројни пријателства со лица од други држави и други култури.

Јас како студент на општа медицина топло го препорачиувам универзитетот Коменеско во Братислава за секој кој што сака да искуси размена на студенти бидејќи универзитетот како и кадарот за настава многу придонесуваат за студентите да стекнат знаење особено во практичниот дел на настава.

За крај би кажала доколку се двоумите каде да одите преку Еразмус програмата тогаш Братислава би била одлична дестинација, не само како студентски град туку и како град кој има многу места кои можат да се посетат и да се види нешто ново како и да се добие едно огромно искуство.

Our Location

Get in Touch