Диана Кереметчиска

Факултет за природни и технички науки (Геологија)

Студирајќи геологија четири години во родниот град имав чувство дека пропуштам огромна можност да го искусам студентскиот живот и тоа чувство на независност . Дознав за Еразмус+ програмата од веќе вратените Еразмус студенти, коишто со голем апетит ми раскажуваа за нивните искуства. Мислев дека со програмата ќе можам да го искусам не само студентскиот живот, но и уште повеќе од тоа, студентскиот живот во друга земја. Се надевав ќе прифатам проширување на моите хоризонти и подобро разбирање на туѓите култури. Кога прв пат пристигнав во Вроцлав, Полска не знаев што да очекувам од самиот универзитет, начинот на живот, стил ... Бев малку нервозна и исплашена, но сето тоа се промени за многу краток период. Градот веднаш ме вовлече во неговата магична харизма и направи истовремено да се чувствувам како дома.

Студиската програма беше многу разновидна и интересна за мене. Таа содржеше многу практични вежби и разгледи на рудници. Со неколку зборови..Еразмус + програмата е екстремно вредна за секој и дефинитивно го препорачувам Вроцлав на секој заинтересиран студент. Имав неколку можности да патувам и да се преземам искуства кои ми овозможија да се развијам како личност. Стекнав самодоверба и храброст за поголема иницијатива и за тоа сум многу благодарна.

Our Location

Get in Touch