Дарко Цебов

Факултет за информатика

Преку Еразмус+ програмата за размена на студенти мојот осми семестар го завршив на Факултетот за електрично инженерство и компјутерски науки (FERI) во Марибор, Словенија.

Студирањето во Словенија ми беше едно од поубавите искуства кои што сум ги имал. На факултет претежно имавме практични проекти кои се одвиваа во современи лаборатории. Иако наставата се одвиваше на англиски, професорите се трудеа и ние, Еразмус студентите, да го добиеме истото ниво на предавање како и нивните студенти а Еразмус кацеларијата ни излегуваше во пресрет секогаш кога имавме потреба.

Во студентскиот дом во кој што бев сместен имаше студенти од различни земји и националности. Лесно се стекнуваа пријателства. Студентската мрежа ESN често организираше забави, патувања и различни други активности кои вреди да се доживеат.

Еразмус+ програмата е повеќе од обично студирање во странство и би ја препорачал на секого.

Our Location

Get in Touch