Дарио Стојановски

Факултет за информатика

Како студент на факултетот за информатика, при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип имав можност да бидам дел од Еразмус+ програмата за студирање на МГУ „Иван Рилски“ во Софија.

Искуството стекнато за време на оваа програма за сите кои сме го искористиле е од големо значење за нас самите но истотака и на професионално ниво. Запознавањето на нови пријатели (колеги), учење на нешто ново од универзитетските води и пренесување на наученото е она што го искусуваме во тој период кој е тешко да се замисли.

Морам да кажам дека поминав прекрасни моменти во студентскиот дом, во факултетот,езерото Панчарево, паркот „Дружба“ и на многу други познати места во цела Софија, само убави спомени за сеќавање.

Би им препорачал на сите студенти кои ја имаат можност да не пропуштаат едно такво неповторливо Еразмус+ искуство.

Our Location

Get in Touch