Божидар Миовски

Факултет за медицински науки

Студент сум на факултетот за Дентална медицина и овој семестар го поминав во Јаш, Романија на универзитетот "Grigore T. Popa" за медицински и фармацевтски науки. Ова беше едно одлично искуство и можност да се здобијам со повеќе знаење, искуство како академско така и животно.

Запознав многу нови луѓе, со кои поминав незаборавни моменти и сум сигурен дека дел од нив ќе ми останат блиски пријатели до крајот на мојот живот. Имав можност да видам други методи на работа од полето на Дентална медицина, корисни информации кои ќе ми служат понатаму во мојата пракса. Би го препорачал ова искуство на секој студент, најпрвин како можност за создавање пријателства кои во други услови не би биле можни, а потоа како шанса за надоградување на своето знаење.

Our Location

Get in Touch