Благица Џидрова

Факултет за медицински науки

Како студент на Факултетот за медицински науки при Универизитетот “Гоце Делчев”- Штип ја имав можноста да бидам дел од Еразмус + програмата за мобилност на студенти.Моето Еразмус + искуство во период од шест месеци го стекнав на медицинскиот факултет на Универзитетот во Сассари,Сардинија во Италија.

Начинот на студирање во Италија,италјанскиот јазик,култура и традиција се само дел од моето искуство.Знаењата кои ги добив од областа на медицината се од особено значење за мене и за моите понатамошни студии.Студирањето во Италија беше вистински предизвик за мене бидејќи согледав еден нов начин на студирање,успеав да го надоградам моето познавање на англискиот јазик,како и да ги збогатам моите знаења во областа на медицината.За еден краток период успеав да се претопам во едно интернационално семејство запознавајки пријатели од различни земји.За мене Еразмус+ беше едно неверојатно искуство,кое со задоволство би го повторила.

Our Location

Get in Touch