Серхан Мифтароски

Општа Медицина

Прво сакам да напоменам дека програмата на Еразмус нуди голема можност со кој можеш да стекнеш големо искуство во текот на животот. Јас сум студент на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ во Штип со помош на програмата на Еразмус + имав можност да доживеам голем број искуства во една прекрасна европска земја како што е Хрватска. Мојот деввети семестар го поминав дружеќи се со нови колеги од Универзитетот ,,Јосипа Јураја Штроссмајера’’ во Осијек. Хрватска беше супер место за Еразмус. Универзитетот беше прекрасен и ги исполни сите мои барања добив огромно искуство и стекнав многу вештини. Професорите беа целосно посветени на студентите. Навистина беше интересно. Морам да признам дека едно вакво големо искуство не може да се опише само со зборови; да бидеш дел од едно ново семејство кое ќе ти го промени животот е вистинско задоволство.

Моја препорака до сите студенти е да не чекаат и веднаш да аплицираат на програмата Еразмус +, за да доживеат едно прекрасно искуство.

Our Location

Get in Touch