Огнен Цветаноски

Факултет за медицински науки – Дентална медицина

Желба исполнета со надеж, надеж преточена во стварност, возможност остварена затоа што лично ги збогатив моите мулти знаења преку Еразмус + мобилноста во Бугарија, во Софија на медицински факултет.

Една мисла ме водеше сите месеци додека престојував таму а тоа е да го вкусам нивното знаење да соберам искуство кое што во иднина ќе ми овозможи спремност и подготвеност во работата. На медицинскиот универзитет наидов на добра организираност на практичниот дел а тоа ми овозможи моите одговорности да ги насочам во правец на поефикасно стручно усовршување.

Факултетската клиника располага со голем број на стоматолошки столови како и со медицински персонал кои целосно и во секое време максимално беше посветен на нас а секојдневните информации корисни и значајни ни ги споделуваше на пријателски и несебичен начин притоа разјаснувајќи ги дилемите и предизвиците со кои што се соочувавме.

Ова искуство за мене беше мошне значајно кое ми ги отвори и прошири моите знаења и видици бидејќи во клиниката се запознав со нешта кои иако досега ги имав сретнато сепак го збогатија моето знаење и повторно би сакал да остварам пракса по истиот тамошен принцип.

Освен тоа при спроведувањето на праксата на факултетската клиника имав можност да се запознаам со колеги студенти од повеќе држави во светот со кои имавме моменти исполнети со различни искуства а сето тоа се должи благодарение на прекрасните ментори.

Во слободното време имав прилика да запознаам многу различни луѓе, колеги од различни земји ширум светот, изградив добри пријателства, посетив многу места во Софија кои ми оставија прекрасен впечаток. Затоа на сите студенти најискрено им препорачувам да бидат дел од едно вакво Еразмус доживување собирајќи знаење и искуство.

Our Location

Get in Touch