Христијан Тасевски

Факултет за информатика

За Еразмус+ програмата имав слушнато уште пред да се запишам на факултет, а бидејќи отсекогаш сум бил во потрага по нови предизвици, знаев дека сакам ваквата размена да биде дел од моите студии.

Студент сум на Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Изминатиот летен семестар имав можност да студирам на Универзитетот „Стефан чел Маре“ во Сучава, Романија. Не ми требаше долго да заклучам дека донесов добра одлука и дека оваа размена позитивно ќе влијае во мојот процес на студирање. Друга држава, друг начин на живот, други навики. Иако значително мало, но сепак тоа е местото кадешто имав прилика да запознаам многу нови луѓе, пријатели и колеги, од десетици држави од Европа и пошироко. Многу од новите познанства прераснаа во добри пријателства. Од друга страна, универзитетот имаше доста интересен кампус живот, современи комјутерски лабартории во Факултетот за информатика, но и академски кадар од кој бев добро прифатен, кадар кој ми овозможи значителна инволвираност во факултетот и кои ми овозможи да се стекнам во нови знаења и вештини, а мојот престој таму да помине без проблем.

Освен тоа, животот како студент во Романија носи многу поволности за патување, па тоа го искористив да прошетам не само во поголем дел од оваа земја која изобилува со природни убавини и интересна култура, туку и во некои од соседните држави.

Затоа ги охрабрувам сите студенти да излезат од комфорт зоната и да ги искористат поволностите кои ги нуди Еразмус+ програмата.

Our Location

Get in Touch