Диме Атанасоски

студент на ФМН

„Моето Еразмус + доживување беше во прекрасната Италија. Велосипедскиот град Ферара, кој се наоѓа во регионот Емилија-Ромања, изобилува со прекрасни историски градби од средниот век.

Факултетот кој е сместен во болницата ’Кона’ зборува сам по себе за професионалноста на докторите кои со задоволство ни го пренесуваа нивното знаење преку теоретската и практичната настава.

Таму запознав колеги од повеќе земји, имав можност да ја вкусам прекрасната италијанска кујна, како и да посетам дел од градовите во овој регион.

Еразмус искуството може само да се доживее, не може да се прераскаже, па затоа му го препорачувам на секој студент“.

Our Location

Get in Touch