Борис Роглев

студент на ФМН

На Медицинскиот Универзитет во Софија поминав еден семестар Еразмус + пракса на која долго ќе се сеќавам. Период исполнет со богати клинички искуства од областа на хирургија, интерна медицина, гинекологија и акушерство и неврологија. Почнувавме со утринска визита, прегледи на пациенти, разни дијагностички процедури па се до оперативни зафати. Ќе одвојам два специфични моменти овековечени со фотографија. Имав можност да присуствувам на хистеректомија изведена со помош на Да Винчи роботски систем, единствен во државата. Отстранување на огромна оваријална циста со тежина од 10 килограми кај средовечна жена како редок случај успеа да стигне до новини и телевизиски вести. Секако овие несекојдневни искуства беа само дел од квалитетната пракса што ја обавив.

Софија како голем град беше предизвик од аспект на навремено извршување на обврските. Студентски град е населбата во која беа концентрирани најголемиот број на студенти . Правилен избор за сместување доколку сакате да го доживеете студентскиот живот во вистинска смисла на зборот. Се разбира мора да ги посетите булевар Витоша со мал милион симпатични места за кафе, 7-те шопинг молови со најудобните филмски кина, природно-научниот музеј, националниот дворец на културата, народниот театар ,,Иван Вазов” и многу други.

Благодарен сум на мојот факултет што ми ја овозможи оваa размена. Топло го препорачувам Медицинскиот Универзитет во Софија на сите оние кои размислуваат за Еразмус + пракса.

Our Location

Get in Touch