КОНКУРС ЗА ЕРАЗМУС+ МОБИЛНОСТИ 2020/2021

Септември, 2020

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип врз основа на Еразмус+ универзитетски чартер бр. 256492-EPP-1-MK-EPPKA3-ECHE распишува Конкурс за Еразмус+ мобилности за академската 2020/2021 година, почнувајќи од летен семестар и тоа за:

1. Мобилности за студенти
- студенти на додипломски студии – прв циклус студии, со запишан најмалку трет семестар;
- студенти на втор циклус студии;
- студенти на трет циклус студии.

Право на аплицирање имаат редовните студенти на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Конкурсот е отворен за:
- 30 студентски мобилности за студии
- 15 студентски обуки (пракса).

Потребни документи за аплицирање:
- пополнет образец за студент;
- фотокопија од индекс (прва страница);
- уверение за положени испити;
- кратка биографија;
- мотивациско писмо;
- две препораки од професори/асистенти;
- фотокопија од потврда за познавање на странски јазик;
- фотокопија од други сертификати.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:
http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

 

2. Мобилности за вработени
Наставнички кадар за мобилност во високообразовните институции во ЕУ (1 недела до 5 работни денови). Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу Универзитетот и ЕУ универзитетите).

Конкурсот е отворен за 10 мобилности за нaставнички кадар и 5 мобилности за административен кадар:

Потребни документи:

  • Изјава за вработен;
  • Mobility Agreement Staff Mobility for Teaching/Training;
  • Образец за селекција на вработени (наставнички кадар или администрација) за учество во Еразмус+ програмата;
  • Сертификат за познавање на англиски јазик.

Повеќе информации за потребните документи можат да се најдат на овој линк:
http://cmus.ugd.edu.mk/index.html

Целата документација треба да биде на македонски јазик. Документите се доставуваат лично во Одделението за меѓународна соработка (Кампус 2) или по пошта на адреса:

Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
Одделение за меѓународна соработка (Еразмус +)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија
Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.

Конкурсот е отворен од 14 септември до 16 октомври 2020 година.

Универзитет „Гоце Делчев’- Штип
Одделение за меѓународна соработка (Еразмус +)
(Кампус 2)
Бул. „Крсте Мисирков“ 10-А, п. фах 201
2000 Штип, Р. Македонија

Документите што ќе бидат поднесени електронски нема да бидат разгледувани.
Конкурсот е отворен од 20 февруари до 10 април 2020 година.
За повеќе информации обратете се до Одделението за Меѓународна соработка (КАМПУС 2) или на електронските адреси: sanja.stefanova@ugd.edu.mk  или martina.nikolovska@ugd.edu.mk .

Our Location

Get in Touch