Цветанка Стоилова

Филолошки факултет – 4 та година

Навистина е тешко да се сумира во неколку реченици едно вакво искуство. Италија, земја на пица, паста, море, топли луѓе и многу повеќе. Патувања, авантури, интернационални вечери, многу пријатели и дружби. Учеството во овој проект, студирањето во странство на Универзитетот во Фоџа, Италија е најдобрата одлука која сум ја направила. Новата средина, култура од која стануваш дел те претвора во комплетно нова личност. Победата на стравот од непознатото ти ја отвара вратата на слободата и на безброј можности. Се вратив со неверојатни спомени кои ќе останат засекогаш длабоко врежани во срцето.

Our Location

Get in Touch